СЕ ПОКРИВА ОДВОДНИОТ КАНАЛ ВО НЕРЕЗИ 25.7.2017

 

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска /04.07.2017 година, вторник/ извршија увид во градежните работи на покривањето на одводниот канал во населеното место Нерези, Општина Карпош.

- Денеска вршиме увид во градежните работи за санација на канал кој доаѓа од Крушопек, а завршува во Градскиот парк. Овој канал Градот Скопје го чистеше неколку пати по целата негова должина, исто така, пред неколку години го санирававме механизмот којшто ја пушташе водата во овој канал, бидејќи имаше периоди, пред јас да дојдам за градоначалник, а и во првите години од мојот мандат, по цело лето да не доаѓа вода во Зоолошката градина и во Градскиот парк. Тоа сега е минато бидејќи тој е исчистен по целата негова должина. Меѓутоа, во овој дел каде што сега се наоѓаме, во Средно Нерези, настана проблем затоа што каналот е отворен и во него се фрлаа разни предмети, којшто ја загадуваа водата и имаа негативно влијание врз животната средина, како и го попречуваат текот на водата во каналот. Тргнувајќи од овој проблем, заедно со градоначалникот на Карпош решивне овој канал во должина од 250 метри да се затвори, а затворањето се врши со поставување  бетонски цевки  во каналот, кои се со широчина од 1.000 милиметри, а потоа овој потег да се асфалтира. Така што водите на овој канал ќе останат чисти и незагадени. Иста така, граѓителите на овој дел на градот ќе добијат пријатно катче за дружење. За реализација на овој проект Градот Скопје од буџетот издвои околу 5 милиони денари – рече градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека реализацијата на овој проект е уште еден пример за одличната соработка со Град Скопје и дека таа соработка планираат да породолжи и во иднина. Тој, исто така, најави дека планираат и хортикултурно да го уредат овој простор и да постават клупи за седење за да можат граѓаните да уживаат во пријатниот амбиент.