„ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ 2017“ 19.10.2017
ЈУ Детски културен центар „Карпош“-Скопје во соработка со Град Скопје со Министерството за култура на Р.Македонија и годинава по дваесетишести пат го организира и реализира најмасовниот Меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“.
Детскиот фестивал ќе почне утре, петок /29.09.2017 година/ и ќе трае до недела, 01.10.2017 година, а на него годинава ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од Хрватска, Полска, Јакутија, Србија, Бугарија, како и македонски ансамбли.
Утре, 29.09.2017 год. (петок), во 17:15 часот за гостите и за домашните ансамбли ќе се одржи Богослужба во храмот Св. Климент Охридски, а по завршување на Богослужбата учесниците продолжуваме на плоштад Македонија каде што во 18:30 часот ќе биде свеченото отворање на фестивалот „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“.
По отворањето на Фестивалот ќе имаат свој настап сите групи, односно и станските и домашните учесници на фестивалот.
На 01.10.2017 година (недела) од 10 часот, како и изминатите години, за сите учесници на фестивалот ќе се реализира пикник во Лешок, Тетово, каде што ќе биде и затворањето на Фестивалот со настап на гостите и на домашните фолклорни ансамбли.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
