ОД УТРЕ ВОДНО ОСЛОБОДЕНО ОД ВОЗИЛА 28.11.2017
Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од утре (25 ноември 2017 година), и ќе важи секој викенд и за време на државните празници.
Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.
- Утре Водно го ослободуваме од возила. Воведувањето на забраната за движење возила на патот до Средно Водно е со цел заштита на природните убавини на Водно и просторот за рекреација. Оваа мерка ќе важи за време на викендите и државните празници, од 9 до 16 часот. Оваа мерка е важен дел од заложбите на Град Скопје за поздрава животна средина, почист простор за спорт и рекреација, имајќи го предвид здравјето на граѓаните, пред се – изјави денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Оваа забрана нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.
За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно Градот Скопје воведе 2 (две) нови пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно. Едната автобуска линија ќе тргнува од пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј (спроти Макпетрол), а втората ќе тргнува од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат).
Покрај 2. (двете) нови пробни автобуски линии, граѓаните ќе можат непречено да ја користат и постојната автобуска линија – линијата со број 25 до Средно Водно.
Возењето на овие три автобуски линии (25, 25А и 25Б) на почетокот ќе биде бесплатно. Во пресрет на граѓаните, Градот Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
