ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРОТИВПОЖАРНАТА БРИГАДА НА СКОПЈЕ 24.5.2018
По повод Денот на пожарникарството во Република Македонија, Градот Скопје и противпожарна единица на Град Скопје (БППЗ), денес и утре организираат отворен ден за граѓаните.
Сите граѓани кои сакаат да ја посетат противпожарната станица во Автокоманда, и се запознаат со функционирањето и работата на пожарникарите, тоа можат да го направат денес и утре (19 и 20 мај), во период од 10 до 18 часот, во противпожарната станица во Автокоманда (улица „Романија“, во непосредна близина на ресторанот „Дојрана“).
На отворените денови, професионалната противпожарна единица пред јавноста ќе ја презентира опремата со која располага и граѓаните ќе ги запознае со нивните активности, вклучувајќи и совети за безбедност при пожари.
Организацијата на отворениот ден во противпожарна единица на Град Скопје е уште една од бројните активностите за зголемување на транспарентноста во работењето. Претходно, Градот Скопје организираше отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот, како и во повеќе средни училишта на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
