ОТВОРЕН ДЕН ВО ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА СООБРАЌАЈ 10.2.2018
Дали сте се прашале како работат семафорите во Скопје? На кој начин функционираат камерите на улиците и како се регулира сообраќајот во главниот град?
Како одговор на тие прашања, во рамките на активностите за зголемување на транспарентноста во работењето, Градот Скопје организира отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот и истовремено ги поканува граѓаните да дојдат и да се запознаат со начинот на работа и функционирање на овој центар.
Отворениот ден на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој е лоциран во просториите на Меѓуградската автобуска станица, ќе се одржи во сабота (10.02.2018 година) од 10 часот до 14 часот.
Сите заинтересирани лица кои ќе сакаат да го посетат Центарот за управување и контрола на сообраќајот треба да се пријават до петок (09.02.2018 година) до 15 часот, на телефонскиот број 02/3297-265 или по пат на електронска пошта на адресата mediumi@skopje.gov.mk.
Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе можат да го посетат само лица кои се пријавиле согласно со горенаведените услови, додека самите посети ќе се организираат во групи од по 10 лица. Посетителите треба да имаат документи за идентификација, а пред посетата ќе треба да потпишат изјави за доверливост на информации.
Фотографирање во Центарот за управување и контрола на сообраќајот е забрането.
Постои можност, поради безбедносни причини, посетите ненајавено да бидат прекинати.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
