ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЦАТА ШТО ГО ПОСЕТУВААТ ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА И РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИJA 02.2.2016
По повод новогодишните и божиќните празници, претставници од Секторот за јавни дејности, Одделение за социјална, детска и здравствена заштита на Град Скопје го посетија Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на лица кои употребуваат дроги и на нивните деца, кои го посетуваат центарот, им подарија 20 новогодишни пакетчиња.
За време на посетата децата во едукативна работилница изработија честитки со искрени желби за Новата година.
Центарот е отворен во септември 2012 година и работи секој ден од понеделник до петок, од 11 до 16 часот. Во Центарот најголема помош добиваат лицата кои употребуваат дроги, преку психосоцијална поддршка од психолог и психијатар, образовни и советодавни активности и активности за креативно изразување, со цел поддршка во процесот на рехабилитација. Исто така, во дневниот центар се работи со семејствата на лицата кои употребуваат дроги и со нивните деца. За децата е обезбедена педагошка и психосоцијална поддршка, со цел поддршка во нивниот развој и поттикнување на креативниот потенцијал.
Во Програмата на Центарот за рехабилитација и ресоцијализација на лица кои употребуваат дроги и нивните семејства се опфатени 120 лица, а Дневниот центар го води Здружението ХОПС – Опции за здрав живот.,
За поддршка и реализирање на програмата во Центарот за рехабилитација и ресоцијализација од Буџетот на Град Скопје за 2015 година, беа издвоени 800 000,00 денари.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
