ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ ИМ ГИ ЧЕСТИТАШЕ ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ НА БЕЗДОМНИЦИТЕ СО ПАКЕТИ ТОПЛА ОБЛЕКА 24.1.2018
Градоначалникот Петре Шилегов денеска го посети Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица во Момин Поток и во пресрет на новогодишните празници им подели пакети со топла облека.
- Градот Скопје континуирано финансиски го помага работењето на овој центар, и таа наша поддршка ќе продолжи и следната година, со цел да им го олесниме животот на овие бездомните лица. Ова се наши сограѓани и ние и како луѓе и како институција треба да се трудиме да им помогнеме што полесно да се интегрираат во системот, и се надевам дека следната година на ова место ќе ги има во многу помал број – истакна градоначалникот Шилегов.
Тој, исто така, им подели пакети со топла облека и обувки на бездомниците и им ги честиташе претстојните новогодишни празници.
Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска истакна дека стационарот е 24 часа отворен за да им излезе во пресрет на лицата во ладните денови кога температурите паѓаат под нулата и во него има тимови коишто со возило ги преземаат бездомниците од местата каде што се лоцирани.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
