ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ТРЕТИОТ ДЕЛ НА ПАРК МАКЕДОНИЈА 21.7.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседател на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски, денеска /29.06.2017 година/ присуствуваа на пуштањето во употреба третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.
- Сакам да му упатам честитка на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за реализирањето на овој проект, во кој Град Скопје учествуваше со хортикултурно уредување на зелената површина на паркот, меѓутоа најголем дел од инвестицијата е на Општина Карпош. Со уредувањето на овој парк се доби едно навистина прекрасно и убаво катче каде што младите луѓе, па и повозрасните во текот на денот, особено во вечерните часови ќе можат да се дружат, да се забавуваат и да уживаат во паркот.Овој парк е практично продолжување на низата од паркови којшто се направени по должината на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, почнувајќи со Паркот Македонија 1, па Паркот Македонија 2 и еве овој Паркот Македонија 3. Град Скопје ги поддржува акктивностите на општините за градење паркови и уредување на зелените површини и во иднина ќе ги поддржувме во напорите за зголемување на зелените површини во градот и ќе продолжиме да грдиме паркови се во интерес на граѓаните на Скопје - рече градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека третиот дел на Парк Македонија е со површина од околу 10. 000 квадратни метри, од кој општината партерно уредила околу 4.000 квадратни метри, а другиот дел од паркот е зеленило во коешто се засадени 75 дрвја.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
