ВЕЧЕР ПОЧНУВА „СКОПСКО ЛЕТО 2017“ 22.6.2017
Вечер /21.06.2017 година, среда/, со настапот на Омер Фарук Текбилек (САД/Турција) и неговиот ансамбл во Македонска опера и балет, во 22 часот, ќе почне годинешново СКОПСКО ЛЕТО, меѓународната културна манифестација, што традиционалано почнува на првиот ден на летото, но и на Светскиот ден на музиката.
Отворањето на Скопско лето 2017 ќе го означат уште два културени настани, односно во 19:30 часот ќе се одржи концертот „ЛЕТНИ НОТИ“ на Градскиот дувачки оркестар под диригентската палка на Хусеин Еминовиќ на улица Македонија и во 20 часот, исто така, на улица Македонија ќе биде поставена инсталацијата „THINK FREEDOM – МИСЛИ СЛОБОДА“ на Едина Селесковиќ – Бoсна и Херцеговина.
Под покровителство на Градот Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, годинешново СКОПСКО ЛЕТО ќе понуди околу 50 програмски содржини, концерти на класична, народна и џез музика, драмски, балетски и оперски претстави, изложби и филмски проекции, специјални проекти и премиери. Главниот град на државата ќе пулсира во ритамот на творешниот немир и креативноста на домашните уметници, а Скопје и оваа година ќе биде домаќин на уметници од 16 држави од целиот свет
Градот Скопје ги покануваат скопјани и гостите на Скопје да бидат дел од уште едно возбудливо издание на СКОПСКО ЛЕТО, кое е препознатлив културен белег на нашиот град и Република Македонија.
Целосната програма на Скопско лето 2017 може да ја видите на следната интернет врска
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
