ГРАДОТ СКОПЈЕ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 13 НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ 13.11.2017

Градот Скопје и годинава, традиционално, со низа настани и активности ќе го одбележи 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. По повод 73-годишнината од овој славен датум, Градот Скопје за граѓаните ја подготви следната програма:

 

13 ноември

 

10:00 часот - Средба на градоначалникот на Град Скопје со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ

Кабинет на градоначалникот

 

09:00-17:00 часот - Традиционална крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје

Дневен центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје - ДХО „Даре Џамбаз“

 

Полагање цвеќе

 

11.00 часот: Пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел

 

11.30 часот: Алеата на заслужните граѓани на  гробот на  генерал Михајло Апостолски во Бутел

 

12:30 часот: Споменик на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија

 

19:00 часот: Промоција на книгата „На Скопје со љубов“ - архитектонската мисла на Живко Поповски во Музејот на Град Скопје

НУ Македонска опера и балет

 

20:30 часот – Изложба на ликовните дела од 12-та меѓународна ликовна колонија „Скопје 2017“ во фоајето на МОБ

 

Свечено одбележување и доделување награди на добитниците по повод 13 Ноември, како и забавно-музички дел под мотото ,,Скопје граду мој”- ЈУ КЦ „Александар Македонски“ 

 

 

 

СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ

 

10 ноември

 

15:30 часот  -  „Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид“

Локација: сала на Здружението при деловната зграда на улицата 29 Ноември број 46, Скопје

 

11 ноември

 

11:00 часот - Финални борби и доделување на „Златниот гонг“

Локација: Мала сала во „vip АРЕНА Спортски Центар Борис Трајковски“

Натпреварите ќе се одржуваат на 9, 10 и 11 ноември

 

12 ноември

 

16:00 часот - Ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“

Локација: старт од плоштадот „Пела“ пред „Порта Македонија“

 

14 ноември

 

13:00 часот - Меѓународна изложба на детски цртежи

Библиотека „Другарче“


15 ноември 

 

17:00 часот - „Шаховски турнир на телесно инвалидизирани лица“

Локација: „Даре Џамбаз“ сала број 5

 

 

ФЕСТИВАЛИ

 

16,17,18 ноември

 

Фестивал Златно Славејче

47-то издание на детскиот музички фестивал

претставите се со почеток од 12:00 часот

СЦ „Борис Трајковски“

 

9-19 ноември

 

16-то издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS

Проекции во Младински културен центар и Кино Милениум