УШТЕ ТРИ ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ 26.7.2017
Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ на 27 и на 28 мај (сабота и недела) во Паркот Македонија, наспроти „Веро 2“ во Тафталиџе, ќе го организираат четвртиот по ред Скопски цветен фестивал 2017.
Скопскиот цветен фестивал е мултимедијална манифестација која по четврти пат на едно место ќе ги собере љубителите на цвеќето, природата, уредувањето на просторот, креативците и професионалците од областа на хортикултурата.
Според официјалната програма, посетителите на фестивалот, во текот на двата дена, ќе имаат можност да погледнат и да купат цвеќе и цветни аранжмани, да учествуваат во работилници за цртање, садење цвеќе, изработка на цветови од хартија, цртање на текстил, ќе можат да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото, да се дружат на отворено и да се забавуваат.
Фестивалот ќе го збогатат голем број изложувачи, меѓу кои Флораком, Green planet, Хорти експерт, Пинар С, Хорти дизајн, Китка, Биро проект, Цвеќарница „Дамбо“, Цвеќарница „Жереми Про“, Хербалајзер, Кактус гарден, Indoor garden, Фоја, Шумарскиот факултет, СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Здравко Цветковски“, ДСУ „Лазар Личеноски“ и Аквамонт.
За во забавниот дел од фестивалот се најавуваат многубројни изведувачи и музички групи.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
