ГОЛЕМ БРОЈ НА ПРИДОБИВКИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ НА ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ 07.4.2017
Градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, и директорот на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, Ракип Дочи денеска /11.02.2017 година, сабота/ беа во посета на неколку локации во Општината каде се поставени системи со подземни контејнери.
Целта на обиколката се согледување на ефектите и придобивките од користењето на системот на подземни контејнери, кој Градот Скопје, во соработка со јавното претпријатие „Комуналка хигиена“ – Скопје и општините во Скопје пред неколку години го започна да го имплементира.
- Користењето на подземните контејнери во Скопје има голем број на предности, како за граѓаните, така и за животната околина. Со овој систем сметот е под земја и истиот не создава непријатна миризба, а истиот е и од големо значење за работата на ЈП „Комунална хигиена“ бидејќи значително се заштедува на време и средства. Ги повикувам граѓаните пред чиишто домови се поставени подземните контејнери правилно да ги користат, да не ги оставаат кесите пред контејнерите, да не ги оштетуваат и да не ги паркираат своите возилата пред платформата. Градот Скопје и во иднина ќе го користи и проширува овој систем за одлагање и собирање на сметот, во зависност од интересот на општините во Скопје – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Коневски изјави дека претходно поставените системи со подземни контејнери во општината дале позитивни резултати и од таа причина се решиле оваа година да го прошират овој проект и да постават подземни контејнери на три нови локации.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Дочи изјави дека е задоволен од функционирањето и примената на овој систем за одлагање и собирање на комуналниот смет и апелираше до граѓаните истите да се користат правилно и да не се оштетуваат.
Градот Скопје системот со подземни контејнери започна да го користи во 2013 година, каде досега вакви системи со подземни контејнери се поставени на 42 локации во општините Центар, Чаир, Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.
Во изградбата на овие подземни контејнери со една третина од трошоците учествуваат Градт Скoпје, општината на чија територија се поставуваат и јавното претрпијатие „Комунална хигиена“.
Овој успешен проект продолжува и во 2017 година и е предвидено во текот на годината да се постават нови 15 инсталации, по три во општините Аеродром, Кисела вода, Гази Баба, Чаир и Карпош. За ова инвестиција Градот во својот буџет за 2017 година има предвидено 12 милиони денари со кои ќе учествува во реализацијата.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
