ПОКАНА 04.4.2016

Утре /04.04.2016 година, понеделник/ во 13 часот Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 64-та седница.

 

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот дневен ред:

 

- Усвојување на записникот од шеесет и третата седница на Советот на Град Скопје

1. Информација за застапеноста на националностите во администрацијата на Град Скопје и во институциите и препријатијата основани од Град Скопје;

2. Информација за процедурата за поставување, како и учеството на Коце Трајановски и советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во настаните околу поставувањето на споменик – двоглав орел и крст на улици под ингеренции на Градот Скопје;

3. Предлог-Одлука за престанок и за давање на трајно користење движна ствар на ЈУ Дом на културата “Кочо Рацин“-Скопје;

4. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за прием и отстапување на нафтените деривати на ЈСП “Скопје“-Скопје;

5. Предлог-Одлука за набавка на основни средства;

6. Предлог-Одлука за одобрување набавка на основни средства;

7. Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за финансиско учество за изградба на фекална канализација во населба Злокуќани на дел од ул. Скупи во должина од 281 м и изградба на водовод кој оди по крак на оваа улица;

8. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради изградба на фекална канализација во с. Црешево, с. Смиљковци и с. Виниче;

9. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за продажба на простор со комерцијална намена –деловни простории во рамките на катна гаража “Тодор Александров;

10. Предлог-Одлука за доделување на паркинг места на трајно користење во катната гаража “Тодор Александров“ на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје;

11. Предлог-Одлука за донесување Урбанистички план за четврт СЗ 26, Скопје;

12. Предлог-Одлука за недонесување на урбанистичко-планска документација;

13. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Средно училиште за гимназиско и стручно (економско) образование на Град Скопје;

14. Прелог-Одлука за одобрување на финансиски средства за вработување на определено работно време;

15. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје;

16. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување привремена вредност на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз ан патници, по критериумот изминат километар;

17. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Градот Скопје;

18. Предлог-Одлука за формирање Совет на млади на Град Скопје;

19. Предлог-Одлука за разрешување и избор на членови на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје;

20. Предлог-Одлука за разрешување и за избор на членови на Комисијата за унапредување на правата на пациентите;

21. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите за користење на Жичарницата Секција 1, Средно Водно-Милениумски Крст и лифтот на Милениумски крст-Водно;

22. Предлог-oдлуки за усвојување на извештаите за работењето на јавните  установи  на Град Скопје за 2015 година;

 

а) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Музеј на Град Скопје – Скопје, Република Македонија  за 2015 година;

б) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Зоолошка градина на град Скопје - Скопје, Република Македонија  за 2015 година;

в) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Конгресен центар “Александар Македонски“- Скопје, Република Македонија  за 2015 година;

г) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци“- Скопје, Република Македонија  за 2015 година;

д) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Дом на културата “Кочо Рацин“- Скопје, Република Македонија  за 2015 година;

ѓ) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Детски културен центар “Карпош“- Скопје, Република Македонија  за 2015 година;

е) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Младински културен центар - Скопје, Република Македонија  за 2015 година;

ж) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Културно-информативен центар - Скопје, Република Македонија за 2015 година;

 

23. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување урбана опрема на автобуските стојалишта на подрачјето на Градот Скопје;

24. Извештај за работењето на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во 2015 година;

25. Извештај за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Град Скопје за 2015 година;

26. Извештај за реализација на Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиство, угостителство и трговија во Град Скопје за 2015 година;

27. Извештај за реализација на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите на град Скопје за 2015 година;

28. Извештај за реализација на Планот за енергетска ефикасност на Град Скопје за 2015 година и

29. Извештај за реализација на Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2015 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул.„Илинден“ бр.82.