Покана 11.5.2017
Утре /11.05.2017 година, четврток/ во 13 часот, ќе се одржи седумдесет и деветтата седница на Советот на Град Скопје.
На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:
- Усвојување на записникот од седумдесет и осмата седница на Советот на Град Скопје
1. Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2017 година за периодот 01.01.- 31.03.2017 година;
2. Предлог-Одлука за примање донација од Стопанска Банка АД Скопје;
3. Информација во врска со Дрисла ДОО;
4. Предлог-Одлука за одобрување набавка на основни средства за потребите на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје;
5. Предлог-Одлука за одобрување набавка на основни средства (патнички моторни возила и метални архивски ормари);
6. Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на верски објект;
7. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2017 година;
8. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за отпис на сметководствена евиденција на основни средства на Луна ДООЕЛ Скопје;
9. Предлог-Одлука за давање согласност на Ценовникот за утврдување вредност на хортикултурно уредени зелени површини на ЈП Паркови и зеленило Скопје;
10. Предлог-Одлука за давање согласност на Ценовникот за услуги од механизација на ЈП Паркови и зеленило;
11. Предлог-Одлука за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот на саден материјал кој ЈП Паркови и зеленило го набавува од Флораком ДООЕЛ;
12. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2017 година и
13. Годишен извештај на Секторот за внатрешни работи Скопје за 2016 година.
Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
