ПОКАНА 12.4.2017

Утре /12.04.2017 година, среда/ во 13 часот, ќе се одржи седумдесет и осма седница на Советот на Град Скопје.

 

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

 

- Усвојување на записникот од седумдесет и седмата седница на Советот на Град Скопје

1. Предлог-Одлука за опредeлување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2017 година;

2. Предлог-Одлука за примање донација од страна на Пивара Скопје АД-Скопје за поставување на “Coca Cola - активна зона“ на кејот на реката Вардар;

3. Предлог-Одлука за примање донација на пет вело-паркинзи од Пивара Скопје АД-Скопје;

4. Предлог-Одлука за примање донација на специјализирана ХБРН опрема;

5. Предлог-Одлука за одобрување набавка на основни средства за потребите на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје;

6. Предлог-Одлука за давање на трајно користење на фризерска опрема на Средното училиште на Град Скопје “Шаип Јусуф“;

7. Предлог-Одлука за давање на времено користење недвижна ствар-дел од објект на Општината Шуто Оризари;

8. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработа помеѓу Град скопје и Општина Гази Баба за изградба на фекална канализација во с. Црешево, с. Смиљковци и с. Виниче;

9. Предлог-Одлука за ослободување на барателот од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправно изграден верски објект;

10. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на рационализиран тениски терен;

11. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на игралиште за баскет;

12. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт С 19;

13. Предлог-Одлука за донесување Техничка исправка на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022;

14. Предлог-Одлука за пристапување кон изградба на трафостаници по пат на соинвеститорство во Забавен парк Скопје;

15. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на вредност на надоместокот за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот – остварен километар;

16. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање на дозвола за вршење на дејност паркирање на јавно паркиралиште со кое стопанисува БАЛФИН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје;

17. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во Град Скопје за 2017 година;

18. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во Град Скопје за 2018 година;

19. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Правилникот за работа на Оперативниот контролен центар при ЈСП “Скопје“;

20. Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за измена на Статутот на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје;

21. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје за 2016 година;

22. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје за 2016 година;

23. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје за 2016 година;

24. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈСП „Скопје“ - Скопје за 2016 година;

25. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје за 2016 година;

26. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје за 2016 година;

27. Предлог-oдлуки за усвојување на извештаите за работењето на јавните  установи  на Град Скопје за 2016 година;

а) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Музеј на Град Скопје – Скопје, Република Македонија  за 2016 година;

б) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Зоолошка градина на град Скопје - Скопје, Република Македонија  за 2016 година;

в) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Конгресен центар “Александар Македонски“- Скопје, Република Македонија  за 2016 година;

г) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци“- Скопје, Република Македонија  за 2016 година;

д) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Дом на културата “Кочо Рацин“- Скопје, Република Македонија  за 2016 година;

ѓ) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Детски културен центар “Карпош“- Скопје, Република Македонија  за 2016 година;

е) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Младински културен центар - Скопје, Република Македонија  за 2016 година;

ж) Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈУ Културно-информативен центар - Скопје, Република Македонија за 2016 година и

28. Извештај за реализација на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на Град Скопје за 2016 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.