ПОКАНА 16.3.2016

Утре /15.03.2015 година, вторник/ во 13 часот, Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 63-та седница.

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на записниците од шеесет и првата и шеесет и втората седница на Советот на Град Скопје

 

1. Информација во врска со почитувањето на двојазичноста во Град Скопје;

2. Годишен извештај на Град Скопје за 2015 година;

3. Предлог-Годишна сметка на Буџетот на Град Скопје за 2015 година;

4. Предлог-Изменување и дополнување на Планот на програми за развој за периодот 2016-2018 година;

5. Предлог-Одлука за измена на распоредот и за проширување на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2016 година;

6. Предлог-Одлука за давање на трајно користење на ЛЦД проектори на средните училишта на Град Скопје;

7. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт Ј 17, Скопје;

8. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт СИ 09, Скопје;

9. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт СЗ 05, Скопје;

10. Предлог-Одлука за продажба на простор со комерцијална намена – деловни простории во Катната гаража “Македонска фаланга“;

11. Предлог-Одлука за уредување на односите за реализација на сообраќајница помеѓу Град Скопје и Империјал Тобако ТКС а.д. Скопје;

12. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за формирање Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во градот Скопје;

13. Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради изградба на канализациони мрежи за населените места Трубарево, Ергеле, Гоце Делчев, Јурумлери, Нова Колонија, Идризово и Дрма;

14. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Аеродром за изградба на атмосферска канализација во населено место Долно Лисиче во Општина Аеродром;

15. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје за 2015 година;

 

16. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за покривање на загубата за 2015 година на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје;

17. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје за 2015 година;

18. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на добивката остварена по Годишната сметка за 2015 година на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје;

19. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје за 2015 година;

20. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за покривање на загубата за 2015 година на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје;

21. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП “Улици и патишта“-Скопје за 2015 година;

22. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на добивката остварена по Годишната сметка за 2015 година на ЈП “Улици и патишта“-Скопје;

23. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП “Градски паркинг“-Скопје за 2015 година;

24. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на добивката остварена по Годишната сметка за 2015 година на ЈП “Градски паркинг“-Скопје;

25. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈСП “Скопје“-Скопје за 2015 година;

26. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на добивката остварена по Годишната сметка за 2015 година на ЈСП “Скопје“-Скопје;

27. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за спроведување на Програмата за управување со отпад за 2015 година;

28. Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца – детска градинка “Буба Мара“ Општина Аеродром-Скопје;

29. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2016 година и

30. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за реконструкција и доградба на објекти во Централното градско подрачје на градот Скопје.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул.„Илинден“ бр.82.