ПОКАНА 18.2.2016

Утре /18.02.2016 година, четврток/ во 13 часот Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 61-ва седница.

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на Записникот од шеесеттата седница на Советот на Град Скопје

1. Информација за краткорочните и долгорочните мерки и активности кои Градот Скопје ги презема за справување со постојаното енормно загадување на амбиентниот воздух во градот Скопје;

2. Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2015 година за периодот од 01.01. до 31.12.2015 година;

3. Извештај за извршениот попис на средствата и изворите на средствата на Град Скопје со 31.12.2015 година;

4. Предлог-Буџетски календар за 2016 година;

5. Информација во врска со почитувањето на двојазичноста во Град Скопје;

6. Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Аеродром за изградба на атмосферска канализација во населено место Долно Лисиче;

7. Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за реконструкција и одржување на улици во Глумово;

8. Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за доградба на објект детска градинка;

9. Предлог-Одлука за набавка на информатичка технологија (мултифункционални ф фотокопири и бели магнетни табли) во средните училишта на Град Скопје;

10. Предлог-Одлука за одобрување на набавка на систем за слободни паркинг места;

11. Предлог-Одлука за одобрување набавка на основни средства (набавка на опрема за пренос во живо преку интернет);

12. Предлог-Одлука за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на град Скопје;

13. Предлог-Одлука за условите за доделување помош во случај на елементарна непогода;

14. Предлог-Одлука за утврдување критериуми за доделување на право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема-монтажно демонтажни објекти по пат на усно јавно наддавање;

15. Предлог-Одлука за пренесување на право на реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала во Скопје;

16. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на изглед на фасади на објекти во централното градско јадро на подрачјето на градот Скопје;

17. Предлог-Одлука за утврдување на изгледи на фасади на објекти во централното градско јадро на подрачјето на градот Скопје (втор дел);

18. Предлог-Одлука за определување на висината на износот на надоместокот на претседателите и членовите на управните одбори и надзорните одбори на јавните претпријатија и установи чии основач е Градот Скопје;

19. Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС “ Шаип Јусуф “-Скопје;

20. Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје;

21. Предлог-Одлука за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот за изработка и реконструкција на урбана опрема во јавни зелени површини;

22. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Ценовникот бр. 02-357/4 од 08.02.2010 година за одржување и изградба на магистрални и собирни улици, одржување на хоризонтална, вертикална и светлосна сигнализација, услуги од возила, градежна механизација и работна рака, одржување на магистрални и собирни улици во зимски услови на подрачјето на град Скопје и одржување на коритото на реката Вардар и каналите на територијата на град Скопје;

23. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за реконструкција и доградба на објекти во Централното градско подрачје на градот Скопје;

24. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје за 2016 година и

25. Предлог за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта и запишување и прием на ученици во ученичките домови на Градот Скопје во учебната 2016/2017 година.

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул.„Илинден“ бр.82.