ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ 27.1.2017

Утре /26.01.2017 година, четврток/ во 13 часот, Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 75-та седница.

На оваа седница Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на записникот од седумдесет и четвртата седница на Советот на Град Скопје

 

1. Констатирање престанок на мандат на член на Советот на Град Скопје;

2. Верифицирање на мандати на членови на Советот на Град Скопје;

3. Предлог-Изменување и дополнување на Планот на програми за развој за периодот 2017-2019 година;

4. Барања за разгледување на Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје;

5. Предлог-Одлука за доделување парични средства на Црвен крст на Град Скопје;

6. Предлог-Одлука за одобрување на набавка на основни средства наменети за ЈЗУ Геронтолошки завод “13 Ноември“-Скопје;

7. Предлог-Одлука за одобрување набавка на основни средства за потребите на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје;

8. Предлог-Одлука за пренесување на правото на сопственост на основни средства на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје;

9. Предлог-Одлука за пренесување на право на трајно користење на движни ствари;

10. Предлог-Одлука за субвенционирање на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје;

11. Предлог-Одлука за субвенционирање на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје;

12. Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за давање на субвенции на ЈСП “Скопје“ – Скопје за 2017 година;

13. Предлог-Одлука за прием и отстапување на нафта на ЈСП “Скопје“-Скопје;

14.  Предлог-Одлука за давање согласност на ЈП “Улици и патишта“-Скопје;

15. Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за измени во тек на изградба – доградба, надградба и адаптација на објект Собрание на Република Македонија;

16. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт С 01, Скопје;

17. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт Ј 03, Скопје;

18. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт СЗ 23, Скопје;

19. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување на соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош заради изработка на заштитно-конзерваторски основи за културно наследство;

20. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за измена и дополнување на Програмата за одржување на магистрални и собирни улици на подрачјето на Град Скопје во зимски услови за 2016/2017 година (зимска служба);

21. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Ценовник за одржување и изградба на магистрални и собирни улици, одржување на хоризонтална, вертикална и светлосна сигнализација, услуги од возила, градежна механизација и работна рака, одржување на магистрални и собирни улици во зимски услови на подрачјето на град Скопје и одржување на коритото на реката Вардар и каналите на територијата на град Скопје;

22. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за дополнителни активности на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје во делот на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје за период од 01.04. до 31.12.2017 година;

23. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за дополнителни активности во делот на одржувањето на коритото на реката Вардар, нејзините притоки и отворените канали на подрачјето на Град Скопје за период од 01.04. до 31.12.2017 година;

24. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за дополнителни активности на ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје во делот на одржување на јавни зелени површини на подрачјето на Град Скопје за период од 01.04. до 31.12.2017 година;

25. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изградба, одржување и користење на јавни зелени површини на подрачјето на Град Скопје за 2017 година;

26.  Предлог-Програма за управување и одржување на градските гробишта во Скопје за 2017 година;

27. Предлог-Одлука за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот на услуги во хортикултурата на ЈП “Паркови и зеленило“;

28. Предлог-Одлука за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот на саден материјал кој ЈП “Паркови и зеленило“ го набавува од “Флораком“ ДООЕЛ;

29. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП “Градски паркинг“ – Скопје од страна на лица со посебни потреби за 2017 година;

30. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП “Градски паркинг“ – Скопје за 2017 година;

31. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП “Водовод и канализација“ – Скопје за 2017 година;

32. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈСП “Скопје“ – Скопје за 2017 година;

33. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈСП Скопје;

34. Предлог-Одлука за избор на приватен партнер/содружник за вложување во Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад “Дрисла“-Скопје со цел вршење на концесиска дејност депонирање на отпад на депонијата Дрисла;

35. Информација за изработен Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Град Скопје;

36. Предлог-План за подобрување на квалитетот на воздухот во агломерација Скопски регион;

37. Предлог-Краткорочен акционен план за заштита на амбиентниот воздух во Град Скопје и општините во Град Скопје и

38. Извештај за реализација на активности од Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2016 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.