ПОКАНА 28.1.2016

Утре /28.01.2015 година, четврток/ во 13 часот ќе се одржи 60-та седница на Советот на Град Скопје.

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на записниците од педесет и осмата и педесет и деветтата седница на Советот на Град Скопје;

1.Предлог-Одлука за одобрување набавка на симулатор за пламени удари;

2.Предлог-Одлука за одобрување набавка на основни средства во 2016 година-канцелариски мебел, клима уреди, преведувачки пулт со кондезаторски микрофон и дигитален снимач;

3.Предлог-Одлука за прием во сопственост на две возила;

4.Предлог-Одлука за пренесување на правото на сопственост на две возила на ЈСП “Скопје“-Скопје;

5.Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт СЗ 13, Скопје;

6.Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар заради остварување на заедничка цел за пренесување на меѓусебните надлежности за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов (од раскрсница со бул. Св. Климент Охридски до кружен тек кај Католичка Црква);

7.Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за финансиско учество за реализација на дел од улица 6 н.м. Бардовци во должина од 150 м, делница од црква Св. Тројца према новоизградените индивидуални станбени објекти;

8.Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје, Општина Центар и Општина Кисела Вода за изработка на основен проект за инфраструктура и основен градежен проект на ул. Павел Шатев;

9.Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир за изградба на атмосферска канализација по улица Џон Кенеди и улица Ќемал Ататурк во Општина Чаир;

10.Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за употреба и одржување на улица 5-Општина Сарај;

11.Предлог-Одлука за субвенционирање на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје;

12.Предлог-Одлука за субвенционирање на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје;

13.Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма за 2016 година на ЈП “Комунална хигиена“ –Скопје;

14.Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма за 2016 година на ЈП “Улици и патишта“ –Скопје;

15.Предлог-Одлука за давање согласност на Стутарната одлука за измена на Статутот на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје број 0202-15560/3 од 21.12.2015 година;

16.Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма за 2016 година на ЈП “Водовод и канализација“ –Скопје;

17.Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма за 2016 година на ЈП “Паркови и зеленило“ –Скопје;

18.Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма за 2016 година на ЈП “Градски паркинг“ –Скопје;

19.Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈСП “Скопје“-Скопје;

20.Предлог-Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца – детска градинка Детска радост-Општина Гази Баба – Скопје;

21.Предлог-План за управување со отпад на Град Скопје (2016-2020);

22.Предлог-Програма за управување со отпад на подрачјето на град Скопје за 2016 година и

23.Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2016 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул.„Илинден“ бр.82.