ПОКАНА ЗА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 20.12.2017

На третата седница Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

 

- Усвојување на Записникот од втората седница на Советот на Град Скопје, одржана на 20 ноември 2017 година

 

1. Предлог-План на програми за развој за периодот 2018 - 2020 година;

2. Предлог-Буџет на Град Скопје за 2018 година, со Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година;

3. Предлог-Одлука за давање на помош на настраданите од поплавите во Република Албанија;

4. Предлог-Одлука за утврдување надоместок на членовите на изборната комисија на град Скопје, општинските изборни комисии и избирачките одбори на подрачјето на град Скопје, за спроведувањето на Локалните избори 2017 година;

5. Предлог-Одлука за прием и давање на трајно користење движна ствар на СУГС „Боро Петрушевски“- Скопје;

6. Предлог-Одлука за прием и отстапување на нафтени деривати на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“- Скопје;

7. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2018 година на ЈУ Музеј на Град Скопје;

8. Предлог-Развоен план за изградба и одржување на јавното осветлување на магистрални и собирни улици на подрачјето на град Скопје за период 2018-2020 година;

9. Предлог-Програма за работа на Советот на Град Скопје;

10. Предлог-Програма за активностите на Градот Скопје од областа на средното образование во 2018 година;

11. Предлог-Програма за повластено користење на јавниот градски превоз, од страна на лица со посебни потреби, во 2018 година;

12. Предлог-Програма за активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на Град Скопје за 2018 година;

13. Предлог-Програма за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Град Скопје во 2018 година;

14. Предлог-Програма за поставување знамиња на подрачјето на Градот Скопје пo повод државни празници и други прилики, во 2018 година;

15. Предлог-Програма за решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето на Град Скопје во 2018 година;

16. Предлог-Програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје за 2018 година;

17. Предлог-Програма за реализација на активностите поврзани со нумерирање на објектите на  подрачјето на Град Скопје, во 2018 година;

18. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2018 година;

19. Предлог-Програма за изработување на урбанистички планови на Град Скопје во 2018 година и

20. Информација за започнување на постапката за закуп на деловен простор за потребите на ЕУ проектот ROCK во кој учествува Град Скопје.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.