ПОКАНА 30.1.2018

Градот Скопје организира меѓународна конференција на тема: „Развој на урбаната мобилност за одржлив град и град во кој квалитетно се живее“ која ќе се одржи утре, 30 јануари 2018 година, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток  во 10 часот.  

Конференцијата се одржува во рамки на проектот CREATE, насловен како „Намалување на сообраќајниот метеж во Европа - напредна ефикасност во транспортот“ ( Congestion Reduction in Europe – Advancing Transport Efficiency), кој е целосно поддржан од  ЕУ Програмата Хоризон 2020 во кој Градот учествува од 2015 година. Целта на овој проект е намалување на сообраќајниот метеж во европските градови преку поттикнување на промена на транспортот, од употреба на автомобили  кон користење  други видови транспорт. 

Ве покануваме да ја проследите конференцијата на која ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и Вирве Вимпари, претставничка од Делегацијата на ЕУ во Македонија, а стручни излагања ќе имаат домашни и странски експерти. 

По воведните обраќања, ќе може да добиете изјави од говорниците.