Покана 13.2.2018

Град Скопје распишува конкурс за идејно решение – дизајн на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и заштитни столпчиња за зеленило.

Ве покануваме на презентацијата на конкурсот што ќе се одржи денеска (13.02.2018 година, вторник) во 12 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет.

На презентацијата ќе се обратат Градоначалникот Петре Шилегов и деканот на Архитектонски факултет, Огнен Марина.