СЕ ОТВОРА МЕМОРИЈАЛЕН МУЗЕЈ НА ИЛЕГАЛНАТА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ОРУЖЈЕ ВО СКОПЈЕ ОД НОВ 04.1.2018
Градоначалникот Петре Шилегов, утре (4 јануари 2018 година, четврток) во 11 часот ќе ја отвори постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“, во Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944), сместен на левиот брег на реката Вардар, на кеј „Димитар Влахов“, зад Археолошкиот музеј на Македонија.
Новата изменета и надополнета поставка, чиј автор е Зоја Богдановска, виш кустос историчар, сместена е во целосно санираниот простор на тајната работилница, зачуван во својот автентичен изглед, којашто во 1981 година била пренаменета во музеј.
Со поставувањето на деведесетина зачувани музејски експонати се будат сеќавањата за илегалната работилница што се користела за изработка на оружје за партизанските одреди, но и други експонати коишто се поврзани со времето на Втората светска војна.
Со повторното отворање на Меморијалниот музеј на илегалните работилници, Музејот на град Скопје го добива својот втор депанданс во стариот дел на градот, кој е единствен од ваков вид во Р. Македонија, и ја збогатува со уште една значајна содржина културната понуда на град Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

