ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ 17.2.2017

Утре /16.02.2017 година, четврток/ во 13 часот Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 76-та седница.

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на записникот од седумдесет и петтата седница на Советот на Град Скопје

1. Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2016 година за периодот од 01.01 до 31.12.2016 година;

2. Извештај за извршениот попис на средствата и изворите на средствата на Град Скопје – Скопје со состојба 31.12.2016 година;

3. Предлог-Буџетски календар за 2017 година;

4. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Ѓорче Петров за финансиско учество за изградба на улица 63 и улица 65 во с. Волково – Општина Ѓорче Петров;

5. Предлог-Одлука за прифаќање донација на негазирана вода за пиење наменета за настраданите од поплавите во Скопје од 06.08.2016 година;

6. Предлог-Одлука за примање на донација од ДОО Пакомак, Скопје;

7. Предлог-Одлука за пренесување на правото на трајно користење на садови за отпад на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје;

8. Предлог-Одлука за одобрување на набавка на основни средства – канцелариски мебел и опрема за греење и климатизација;

9. Предлог-Одлука за набавка на компјутери и компјутерска опрема, мрежна опрема, дигитални сертификати, серверска опрема, серверски и клиентски лиценци, друга ИТ опрема и компјутерски софтвер и лиценци;

10. Предлог-Одлука за набавка на основни средства;

11. Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објект основно училиште во населба Лисиче;

12. Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објект основно училиште во населба Хиподром;

13. Предлог-Одлука за давање на дозвола за вршење на дејност паркирање на јавно паркиралиште со кое стопанисува Балфин увоз-извоз ДООЕЛ, Скопје;

14. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје;

15. Предлог-Одлука за утврдување на вредност на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот - остварен километар;

16. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во Град Скопје;

17. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје за 2017 година;

18. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП “Комунална хигиена“ – Скопје за 2017 година;

19. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП “Улици и патишта“ – Скопје за 2017 година;

20.Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Инвестиционата програма на ЈП “Водовод и канализација“ – Скопје за 2017 година;

21. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје;

22. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2017 година и

23. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2017 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.