
ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ 21.7.2017
Утре /20.07.2017 година, четврток/ во 13 часот, Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 81-ва седница.
На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:
- Усвојување на записникот од осумдесеттата седница на Советот на Град Скопје
1. Предлог-Изменување и дополнување на Планот на програми за развој за периодот 2017-2019 година;
2. Предлог-Изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2017 година;
3. Предлог-Одлука за одобрување набавка на основни средства-телефонска централа, терминална опрема, систем за снимање на разговорите и ЛЕД телевизори;
4. Предлог-Одлука за прием и отстапување на нафта на јавното Сообраќајно Претпријатие „Скопје“-Скопје;
5. Информација за состојбите во ЈП “Водовод и канализација“-Скопје;
6. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба за реконструкција на улица 519 во Општина Гази Баба;
7. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Ѓорче Петров за финансиско учество за изградба на атмосферска канализација на улици во У.З. Дексион – Општина Ѓорче Петров;
8. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир за изградба на фекална канализација по ул. 155-Општина Чаир;
9. Предлог-Одлука за изработка на проект за инфраструктура за бул. Никола Карев од раскрсницата со ул. Беласица до раскрсница со ул. 16 Македонска бригада;
10. Предлог-Одлука за продажба на простор со комерцијална намена- деловни простории во катната гаража “Македонска фаланга“;
11. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈП “Градски паркинг“-Скопје за 2017 година;
12. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈП “Градски паркинг“-Скопје за 2018 година;
13. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈУ Конгресен центар “Александар Македонски“ за 2017 година;
14. Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје;
15. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за продажба на опрема по пат на електронско јавно наддавање;
16. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изменување и дополнување на Програмата за одржување и реконструкција на сообраќајници во надлежност на Град Скопје, пешачки и велосипедски патеки и јавни рекреативни површини на подрачјето на Град Скопје во 2017 година;
17. Предлог-Одлука за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈУ Дом на културата “Кочо Рацин“-Скопје, Република Македонија;
18. Предлог-Одлука за разрешување и именување член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈУ Дом на културата “Кочо Рацин“-Скопје, Република Македонија;
19. Предлог-Одлука за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје-Скопје, Република Македонија;
20. Предлог-Одлука за разрешување и именување членови на Надзорниот одбор на ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје-Скопје, Република Македонија;
21. Предлог-Одлука за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈУ Конгресен центар “Александар Македонски“-Скопје, Република Македонија;
22. Предлог-Одлука за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈУ Музеј на Град Скопје- Скопје, Република Македонија;
23. Предлог-Одлука за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје;
24. Предлог-Одлука за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈП “Градски паркинг“-Скопје;
25. Предлог-Одлука за разрешување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈСП “Скопје“-Скопје;
26. Предлог-Одлука за разрешување и именување на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП “Улици и патишта“-Скопје;
27. Предлог-Одлука за именување претставници на Град Скопје во Управен одбор на Ученички дом “Здравко Цветковски“-Скопје;
28. Иницијатива за прекин на инвестиционите зафати на Панорамското тркало;
29. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје за 2017 година;
30. Предлог-Програма за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2017 година;
31. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2017 година;
32. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2017 година;
33. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови на Град Скопје во 2017 година;
34. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на Град Скопје за 2017 година и
35. Извештај за целокупното работење на Дрисла-Скопје ДОО Батинци, Студеничани за периодот од 01.01. до 31.12.2016 година.
Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.
- ВЕСТИ
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност