
ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ 31.1.2018
Утре /31.01.2018 година, среда/ во 11 часот во големата сала на Советот на Град Скопје /барака 13, бул. Илинден бр. 82/ ќе се одржи петтата седница на Советот на Град Скопје.
На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот дневен ред:
- Усвојување на Записникот од четвртата седница на Советот на Град Скопје, одржана на 27 декември 2017 година
1. Верификација на мандат на член на Советот на Град Скопје;
2. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Градот Скопје и Општината Сарај за реконструкција на улица во село Крушопек;
3. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Градот Скопје и Општината Сарај за изработка на проект за ревитализација на езерото Треска;
4. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Градот Скопје и Општината Чаир за изградба на колектор по ул. 155 – Општина Чаир;
5. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар за дел од улица Митрополит Теодосиј Гологанов;
6. Предлог-Одлука за прием на донација од Друштво за производство и трговија Техноскоп ДООЕЛ – Скопје;
7. Предлог-Одлука за недонесување на урбанистичко-планска документација;
8. Предлог-Одлука за укинување на Програмата за реконструкција и доградба на објекти во централното градско подрачје на Градот Скопје;
9. Предлог-Одлука за укинување на Одлуката за изглед на фасади на објекти во централното градско јадро на подрачјето на Градот Скопје (3/14);
10. Предлог-Одлука за укинување на Одлуката за изглед на фасади на објекти во централното градско јадро на подрачјето на Градот Скопје (7/14);
11. Предлог-Одлука за укинување на Одлуката за изглед на фасади на објекти во централното градско јадро на подрачјето на Градот Скопје (2/16);
12. Предлог-Одлука за финансиско учество на Град Скопје во реализација на Проектот: „Изработка на студија и проектна документација за разрешување на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора“;
13. Предлог-Одлука за финансиско учество на Град Скопје во реализација на Проектот: „Воспоставување на систем за четиридимензионално следење на загадувањето на амбиентниот воздух во Скопската котлина“;
14. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за вработување на определено време;
15. Предлог-Одлука за давање согласност за преземање на вработен;
16. Предлог-Одлука за субвенционирање на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје;
17. Предлог-Одлука за субвенционирање на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје;
18. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2018 година на ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци“;
19. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈСП “Скопје“-Скопје за 2018 година;
20. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈСП “Скопје“-Скопје;
21. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје за 2018 година;
22. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изградба, одржување и користење на зелени површини за јавна употреба на подрачјето на град Скопје за 2018 година;
23. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за продажба на опрема по пат на усно јавно наддавање;
24. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје за 2018 година;
25. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година;
26. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката Одлука за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година;
27. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката Одлука за утврдување на тарифа за прочистување на отпадни води на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година;
28. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП “Улици и патишта“-Скопје за 2018 година;
29. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за одржување и реконструкција на сообраќајници во надлежност на Град Скопје,пешачки и велосипедски патеки и јавни рекреативни површини на подрачјето на Град Скопје во 2018 година;
30. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за одржување, проектирање и изведба на светлосна, хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на подрачјето на Град Скопје, во 2018 година;
31. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Лепенец, Треска, Серава и отворените канали на подрачјето на Град Скопје, во 2018 година;
32. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Ценовник за одржување и изградба на магистрални и собирни улици,одржување на хоризонтална, вертикална и светлосна сигнализација, услуги од возила, градежна механизација и работна рака, одржување на магистрални и собирни улици во зимски услови на подрачје на Град Скопје и одржување на коритото на реката Вардар и каналите на територија на Град Скопје;
33. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП “Градски паркинг“-Скопје за 2018 година;
34. Предлог-Програма за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2018 година;
35. Предлог-Програма за активностите во областа на спортот и младите во Град Скопје за 2018 година;
36. Предлог-Програма за активностите на Град Скопје од областа на соработка со здруженија и фондации за 2018 година и
37. Предлог-Програма за управување и одржување на Градските гробишта Скопје за 2018 година.
- ВЕСТИ
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност