ПОКАНА 13.11.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, утре /13.11.2017 година, понеделник/ во 10 часот ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ, по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. Средбата ќе се одржи во Кабинетот на градоначалникот на Град Скопје (булевар Илинден број 82, барака број 3).
Активностите за одбележување на 13 Ноември утре ќе се одвиваат според следната агенда:
09:00-17:00 часот - Традиционална крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје
Дневен центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје - ДХО „Даре Џамбаз“
Полагање цвеќе
11.00 часот: Пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел
11.30 часот: Алеата на заслужните граѓани на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел
12:30 часот: Споменик на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија
19:00 часот: Промоција на книгата „На Скопје со љубов“ - архитектонската мисла на Живко Поповски во Музејот на Град Скопје
НУ Македонска опера и балет
20:30 часот – Изложба на ликовните дела од 12-та меѓународна ликовна колонија „Скопје 2017“ во фоајето на МОБ
Свечено одбележување и доделување награди на добитниците по повод 13 Ноември, како и забавно-музички дел под мотото ,,Скопје граду мој”- ЈУ КЦ „Александар Македонски“.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
