ГРАД СКОПЈЕ ПОКРОВИТЕЛ НА ДЕВЕТОТО ИЗДАНИЕ НА „ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА“ 08.3.2018
И оваа година, со голем број на проекции, изложби и дебати ќе се одржи деветтото издание на манифестацијата „Вечери на Женски права".
Вечерите на женски права се културна алтернатива во одбележувањето на 8 Март, како еден од најсветлите датуми во историјата на правата за жените и родовата еднаквост.
Големиот број на настани во рамки на овогодишното издание на „Вечери на Женски права" ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар и истите ќе започнат во 20 часот во кино Фросина со отворање на изложбата „Признаените vs. невидливите жени“.
Во рамки на манифестацијата ќе биде прикажана проекција на шпанскиот документарен филм „Граници и ветувања“ (возраст 12+), по што ќе следуваат разговори со Ана Јовковска и нејзините соговорници на тема „Сега е моментот – сите за родова еднаквост!“.
Активностите од „Вечерите на Женски права" ќе продолжат од 26 до 31 мај во Кинотека на Македонија, каде ќе бидат прикажани проекции на повеќе документарни филмови.
Целата програма на деветтото издание на „Вечери на Женски права" може да ја погледнете на следната интернет врска .
Настанот се организира под покровителство на Градот Скопје, во соработка со UN Women, Кинотеката на Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Институтуот за родови студии при УКИМ, во соработка со Шведската амбасада во Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

