
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ 18.3.2017
Денеска /26.02.2017 година, недела/ делегација на Градот Скопје положи цвеќе на гробот на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и на гробовите на дел од загинатите во авионската несреќа, лоцирани во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.
На гробот на Претседателот Трајковски цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, државни институции, политички партии, претставници на дипломатскиот кор и здруженија на граѓани.
Денеска се одбележува 13 годишнината од трагичната смрт на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Во авионската несреќа животите ги загубија и: портпаролот на Претседателот Трајковски, Димка Илкова Бошковиќ, советниците на претседателот Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот Марко Марковски и Бранко Ивановски.
- ВЕСТИ
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност