ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ 12.12.2017

Делегација на Град Скопје,  составена од Претседателот на Совет на Град Скопје, Љубица Јанчева, Секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска- Мадиќ и советникот во Советот на Град Скопје, Ирена Попова, (денеска 07.12.2017 година), по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“ – 8 Декември, положи цвеќиња на споменикот „Св. Климент Охридски“, во дворот на Националната универзитетска библиотека  која го носи неговото име.

Со овој чин, Делегацијата на Град Скопје, оддаде почит на ликот и делото на култната личност Климент Охридски, првоосновачот и творецот на Охридската книжевна школа или првиот словенски универзитет, во кој описменил 3.500 ученици за црковна богослужба; прв македонски архиепископ; најзначаен прв македонски средновековен писател; книжевник и преведувач; првиот Македонец кој одлично проповедал; кој ги напишал опширните житија и пофалните слова за своите двајца учители; агроном, лекар и етичар.

На  споменикот на првиот  македонски архиепископ положија  и  делегации од Владата на Република Македонија, од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Министерството за култура, претставници од Музеј на Град Скопје, претставници од НУБ, претставници од дипломатскиот кор, како и претставници на јавни претпријатија, образовни  и научни институции.