ТРАЈАНОВСКИ ГО ПОСЕТИ СОС ДЕТСКОТО СЕЛО 20.12.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /20.12.2016 година, вторник/ го посети детското СОС село.
Оваа посета градоначалникот Трајановски традиционално ја прави во пресрет на новогодишните и божиќните празници, каде на децата им подели новогодишни пакетчиња.
- Улогата на СОС Детското село е огромна за сите згрижени деца, затоа што од таму заминуваат како независни и изградени личности со вредности, знаења и вештини за самостоен живот. Ние возрасните имаме обврска да се потрудиме правата на децата да ги направиме приоритет, а децата пак можат да ни возвратат со тоа што ќе научат да уживаат во своето право на безгрижно детство. Во
оваа прилика би сакал посебно да ги поздравам СОС мајките и СОС родителите, чија улога е од највисоко и исклучително значење. Тие со својата грижа и внимание, споделувајќи ги сите радости и таги кои ги носи секојдневието, им помагаат на децата да ја почувствуваат сигурноста на топлиот дом и љубовта од ближните и им помагаат да растат и да се развиваат во стабилна семејна средина, исправајќи ги пред животните предизвици како изградени, силни, независни личности и одговорни граѓани – кажа градоначалникот Трајановски.
Тој на вработените и на децата во СОС Детското село им ги честита празниците и им пожели здравје и среќа во Новата 2017 година.
За време на посетата беше организирана и приредба, а за континуираната поддршката и долгогодишната соработка на СОС Детско село, на градоначалникот Трајановски му беше доделена плакета.
Градот Скопје и годинава додели финансиска помош за потребите на СОС Детското село. Секоја година Град Скопје дава поддршка за работата на СОС Детското село преку донации и набавки на препрати и апарати за неговото функционирање, а секоја година се подаруваат и пакетчиња за 150 деца во СОС Детско Село и згрижувачки семејства.
Покрај поддршката за овој центар, Градот Скопје секоја година дава поддршка на проекти кои го унапредуваат менталното и емоционално здравје на децата.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
