ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ГО ПОСЕТИ СОС ДЕТСКО СЕЛО 27.1.2016
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /14.01.2016 година/ го посети Детското СОС село и имаше можност да поразговара и да се дружи со децата што се згрижени во ова село, како и да им подари пакетчиња и шпорет кој ќе го користи едно од семејствата во Детското село.
- Особено ме радува тоа што сум денеска тука во СОС Детското село, по повод Новогодишните и Божиќните празници, на празникот Василица, меѓу вас, деца, но и меѓу целиот стручен тим и СОС мајките кои безрезервно ви ја даваат својата љубов и мајчинска грижа, за заедно да си посакаме искрени желби во Новата 2016 година. Градот Скопје и натаму ќе дава поддршка на овој проект кој се покажа како многу успешен и како единствена можност овие деца да се изведат на вистинскиот пат, да се вработ и да формираат сопствени семејстава. Ви пожакувам во Новата година да бидете среќни и весели и безгрижно да
растете во слога и љубов, да се сакате и разбирате меѓу себе бидејќи тоа е привилегија која води кон успешна и светла иднина – им порача градоначалникот Трајановски на децата во СОС Детското село.
Директорката на СОС Детското село, Виолета Ѓорѓиева, истакна дека Градоначалникот Трајановски веќе 10 години, односно уште од 2006 година, и како градоначалник на Општина Гази Баба, му помага на СОС Детското село не само со финансиски сретства, туку и во рамките на неговите надлежности го помага и дава поддршка на нивното работење и му врачи благодарница.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ


