ЗАПОЧНА ЧЕТИРИНАЕСЕТТИ ЦИКЛУС НА ПОСЕТИ НА СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ 24.3.2017
Со посетата на Општина Кисела Вода денеска /07.03.2017 година, вторник/ започна четиринаесеттиот циклус на посети на скопските општини. Во рамките на овие посети, градоначалникот на Град Скопје, заедно со директорите на јавните претпријатија на Градот Скопје и претставници на градската администрација, ќе оствари средби со претставници на урбаните заедници од сите 10 општини кои функционираат во Скопје.
- Овие средби претставуваат одличка можност да се сретнеме со претставниците на урбаните и на месните заедници од сите општини и да ги слушнеме мислењата на граѓаните за проектите на Градот Скопје и нивните потреби. На овие средби разговараме за прашања кои се во надлежност на Градот Скопје и јавните претпријатија, како што се сообраќајот, јавниот превоз, комуналната хитиена, одржувањето на зеленилото и за многу други прашања. Овие средби покажаа одлични резултати и истите допринесоа за подобрување на меѓусебната комуникација, зголемување на квалитетот на работата на јавните претпријатија и реализација на голем број на проблеми на терен – кажа градоначалникот Трајановски.
Паралелно со средбите со урбаните заедници и претставниците на општинските администрации, јавните претпријатија на Градот Скопје ќе спроведуваат засилени активности во период од 5 денови, каде ќе извршуваат работи кои се во нивните надлежности.
- ЈП „Паркови и зеленило“ ќе работи на кастрење на крошните на дрвата, сечење на суви гранки, садење на цвеќиња
- ЈП „Комунална хигиена“ ќе врши чистење и миење на улиците, како и замена на оштетените контејнери
- ЈП „Водовод и канализација“ ќе работи на чистење и поправка на сливници, отстранување на дефекти во водоводната мрежа, како и санирање на прекопи
- ЈП „Улици и патишта“ ќе вршат санација на улиците, како и на подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација
- ЈСП Скопје ќе работат на чистење на автобуските постојки и просторот околу нив
Градоначалникот на Општина Кисева Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ изјави дека овие редовни средби даваат позитивни резултати и истите ја подобруваат комуникацијата помеѓу урбаните заедници и општинската администрација со јавните претпријатија.
- Oвие средби допринесоа за подобрување на работата на јавните претпријатија, како и за реализација на голем број на проекти со кои директно е подобрен квалитетот на живот на жителите на Кисела Вода. Во договор со ЈП „Комунална хигиена“, оваа акција ќе ја искористиме за собирање на кабастиот отпад на граѓаните, за што апелирам сите жители кои имаат отпад од овој вид (делови од мебел, предмети за домаќинство, електрични апарати и др.) да го изнесат пред нивните домови или во близина на постоечките контејнери, за специјалните екипи на претпријатието истиот да го соберат – кажа Беличанец-Алексиќ.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
