ПРИЈАВУВАЈТЕ СЕ НА ПОВИКОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ 22.5.2018
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети. Граѓаните што ќе купат печки на пелети заклучно со 21 мај 2018 година, ќе добијат дел од трошоците за набавка во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Градот Скопје го објави овој јавен повик за да се унапреди квалитетот на воздухот и да се намали загадувањето на воздухот, особено од партикуларните честички од затоплувањето на домовите што не се приклучени на централното греење.
Предноста на користењето на пелетите е повеќекратна, и тоа:
- Поголема калориска моќност,
- Минимално загадување на воздухот,
- Продуцирање на помала количина пепел,
- Се продаваат во рефус варијанта, во кеси од 15кг, заради што набавката може да се одвива континуирано, по потреба,
- Не е потребен голем простор за складирање и чување и сл.
Печките за кои се користат пелети имаат подобри перформанси од класичните:
- Имаат ефикасност поголема од 90%, за разлика од печките на дрва кои имаат 55% ефикасност, што директно влијае на заштеда на средствата,
- Имаат низок фактор на загадување (5мг/МЈ) за разлика од новите печки, шпорети и камини на дрва, кои имаат фактор поголем 9 пати (45мг/МЈ), а старите печки на дрва имаат фактор на загадување 20 пати поголем (околу 100мг/МЈ),
- Имаат поголем комфор при користење (нема потреба од често додавање дрва на огнот, нема потреба од секојдневно чистење пепел и сл.),
- Поседуваат тајмер и термостат, со што е овозможено планирано и самостојно палење и гасење, а температурата во просторијата може да се одржува по желба и сл.
Повикот беше објавен на 5 април 2018 година и е предвидено да трае 45 календарски дена, заклучно со 21 мај 2018 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Досега до Град Скопје се поднесени 163 барања за субвенции.
Интегралниот текст на Јавниот повик може да го погледнете на следниот линк.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
