ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2018 09.6.2018
Градот Скопје објави Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2018 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации чија цел е подигање на јавната свест за користење алтернативни сообраќајни решенија, преку учество во Европската недела на мобилност. Активностите треба да одговорат на следните услови на Европската недела на мобилност, на тема: „Multimodality – Mix and Move” – „Комбинирај и движи се”.
Темата укажува на паметни планирања, користење на јавниот и алтернативниот транспорт, и комбинирање на превозот со што ќе се помогне во ублажување на негативните влијанија на возилата.
Во рамките на организацијата на програмските активности понудувачот треба да предвиди голем број настани (работилници, предавања, промоции, манифестации и случувања) со различни содржини, учесници и организатори, кои ќе бидат во насока на темата на годинешната манифестација; да ја осмисли промоцијата на сите перманентни мерки на Градот Скопје од областа на одржливиот и алтернативниот транспорт, комбинирање на превозот и заштитата на животната средина, а во насока на темата на настанот; и да го обмисли завршниот ден на манифестацијата – Денот без автомобили и дефилето на велосипеди.
Предвидените активности треба да бидат иновативни, соодветни на темата и инспиративни, да бидат едукативни, забавни и интересни.
Подетално за овој јавен повик на линкот –
http://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=654
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
