14.07.2017 14.7.2017
Град Скопје ги повикува заинтересираните историчари на уметноста, кустоси или куратори да земат учество во постапката за селекција на куратор-кандидат од Град Скопје како можен куратор-селектор на изложба во рамки на европскиот проект „Креарт“.
Град Скопје се вклучи како партнер во европскиот проект на мрежата Креарт (CreArt - http://creart-eu.org) поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.
Како дел од активностите на мрежата еднаш годишно ќе се организира „Заедничка Европска изложба“ која ќе патува во 3 различни градови, а на која ќе учествуваат уметници од сите партнерски градови, избрани од еден заеднички европски куратор.
Првото издание на изложбата ќе биде организирано во 2018 година во 3 града учесници во проектот Креарт, а нивниот распоред и рута ќе биде:
- Ваљадолид, Шпанија: мај-јуни 2018 година
- Ливерпул, Велика Британија: јули-август 2018 година
- Лублин, Полска: септември-октомври 2018 година
Град Скопје заедно со преостанатите партнерите на мрежата Креарт ќе му предложат на координаторот (Градот Ваљадолид, Шпанија) кандидати за куратор со кратки биографии и краток предлог на тема за Изложбата. Кураторите можат да припаѓаат на градовите-партнери, но треба да имаат меѓународно искуство како кустоси или куратори на изложби и течно да говорат англиски јазик.
Заинтересираните треба да поднесат своја биографија на англиски јазик со кратко писмо за мотивација најдоцна до 14 јули 2017 година (петок) на следната е-маил адреса: nadap@skopje.gov.mk
Условите за учество и повеќе детали за конкурсот може да добиете на следната интернет врска.
Повеќе информации можете да добиете на телефонските броеви 02/3297323 и 070 419-741, како и на електронската адреса nadap@skopje.gov.mk
Лице за контакт: Нада Пешева, координатор на прокетот „Креарт“ од Град Скопје
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
