ГРАД СКОПЈЕ СО ОБУКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ОЏАЧАРИ 16.5.2018
Градот Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе спроведе обука за оџачари на 25 невработени работоспособни лица. Обуката е предвидено да почне на 1 јуни, ќе трае три месеци, а пријавувањето е до 10 мај.
Кандидатите за времетраењето на обуката ќе добиваат надомест од 9.000 денари месечно. По завршувањето на обуката, на секој кандидат, покрај сертификат, ќе му бидат обезбедени основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот.
За таа цел, оваа година Градот Скопје предвиде 10 милиони денари за субвенции за чистење на оџаците. Овие субвенции ќе се реализираат по успешно спроведената обука на новите 25 оџачари.
- Додека воздухот во Скопје е релативно чист, а грејната сезона е речиси зад нас, работиме на тоа еден по еден да ги елиминираме причинителите на загадувањето. Минатата недела беше пуштен во употреба новиот филтер во „Дрисла“ со што депонијата повеќе нема да биде фактор за загадување следната зима. Истовремено тече и јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување печки на пелети преку кој предвидуваме средства за околу 500 нови домаќинства идната грејна сезона да се греат на пелети, како алтернативен начин на затоплување на домовите. Од оваа недела, пак, фокусот го ставаме врз оџаците кои поради наталожените честички го загадуваат воздухот. Во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45% од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, односно тоа е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во Скопје. Според некои податоци во Скопје има над 60.000 оџаци кои многу ретко се чистат, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак. Сега, со овој чекор, предвидуваме илјадници оџаци да бидат исчистени до почетокот на идната грејна сезона – рече градоначалникот Шилегов, на денешната прес-конференција.
Шилегов нагласи дека ова не го решава целосно проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје во зимскиот период, но Град Скопје работи на тоа еден по еден да ги елиминира причинителите за тоа загадување, на долг рок.
Градоначалникот Шилегов денеска им го честиташе и Празникот на трудот - 1.Мај на сите работници во Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
