ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ИЗЛОЖБА И УМЕТНИЧКИ ПРЕСТОЈ ВО РУЕН, ФРАНЦИЈА 22.3.2018
Град Скопје се вклучи како партнер во европскиот проект на мрежата Креарт (CreArt - http://creart-eu.org) поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.
Во рамки на активностите на проектот, Град Скопје ги известува уметниците кои живеат и работат во Скопје за можноста за учество и краткотраен уметнички престој во Руен, Франција.
Градот Руеан има објавено повик на уметници кои доаѓаат од градовите –учесници во проектот Креарт (CreArt) да се пријават за да учествуваат на дуалната изложба и краток уметнички престој во Руен, Франција што ќе се оддржат во следниве термини:
- Краток уметнички престој (Dual Artist in residence) ќе се оддржува од 19 ноември до 30 ноември 2018 година;
- Дуалната изложба (Dual exhibition) ќе се оддржува од 30 ноември 2018 година до 18 јануари 2019 година.
Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на апликација на следнава интернет врска: https://creart2-eu.org/open-calls/dual-exhibition-and-short-air-in-rouen-fr-2018 .
Изборот на уметниците ќе го врши Градот Руен.
Рокот за пријавување е до 30 април 2018 година.
Град Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Лидер на проектот е градот Валадолид од Шпанија, а проектот го сочинуваат 12 партнери.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

