СЕ УШТЕ Е ОТВОРЕН ПОВИКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА АДАПТИРАНИ ВЕЛОСИПЕДИ ЗА ЛИЦА СО ТЕЛЕСНА ИНВАЛИДНОСТ 31.7.2018

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за субвенции за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност кој ќе трае до 31.08.2018 година или до исцрпување на средствата.

Градот Скопје ќе субвенционира 50% од вредноста на адаптираниот велосипед, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. За оваа намена од Буџетот на Град Скопје се предвидени милион денари.

 

Целиот јавен повик граѓаните можат да ги видат на следната интернет врска. 

 

Правилникот за користење финансиски средства од буџетот на Град Скопје за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди за 2018 година граѓаните можат да ги видат на следната интернет врска.

 

Барањето за добивање субвенции граѓаните можат да го преземат на следната интернет врска –