ШИЛЕГОВ: ПРЕКИНИТЕ ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО АЕРОДРОМ ЌЕ БИДАТ МИНАТО ЗА НЕГОВИТЕ ГРАЃАНИ 17.9.2018
Градоначалникот Шилегов и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски денеска извршија увид во градежните работи за поставување вововодна цевка што ќе ги реши проблемите со водоснабдувањето во Аеродром.
- Прекините на водоснабдувањето во Аеродром ќе бидат минато за граѓаните на оваа општина. Непланскиот развој и нејзината брза урбанизација, за жал не ја следеше и изградба на соодветна инфраструктура, токму заради тоа во изминатиот период граѓаните на општина Аеродром и дел од Кисела Вода имаа проблем со водоснабдувањето. Со поставување на цевката со пречник ∅ 400 очекуваме во целост да им ги решиме проблемите со прекините во водоснабдувањето на жителите во општина Аеродром и Кисела Вода, особено на тие што живеат на погорните катови на висококатниците во Аеродром- истакна Шилегов.
Оваа водоводна линија поврзува две општини во Скопје, Аеродром и Кисела Вода.
- Град Скопје и ЈП Водовод и канализација и во иднина ќе се грижат за вистинските интереси на граѓаните. Ќе инвестираме во нова водоводна и канализациона мрежа за да обезбедиме поквалитетни услуги на нашите сограѓани. Ќе продолжиме и понатаму парите од даноци и комуналии да ги користиме за решавање на клучните проблеми на граѓаните кои беа запоставувани во изминатиов период од претходната градска администрација – порача Шилегов.
Тој додаде дека Град Скопје не смее во 21-ви век да се соочува со ваков тип на проблеми како последица од непланската урбанизација и дека само со одговорно планирање на урбанизацијата на градот во иднина ќе се спречат ваквите проблемите кои го попречуваат нормалното функционирање на граѓаните.
- ВЕСТИ
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност
- 06.09.2024 - Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа
- 03.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 30.08.2024 - Отворено писмо до Претседателот на Владата на РМ
- 29.08.2024 - Соопштение за медиуми
- 27.08.2024 - Соопштение за јавност
- 26.08.2024 - Соопштение за јавност: ЗАЕДНО ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ
- 23.08.2024 - Соопштение за јавност