ПРИЕМНИ ДЕНОВИ ЗА ДАНОЧНИ ПРАШАЊА 04.5.2018

Град Скопје ги информира граѓаните дека во бараката број 15 (даночни одделенија) почнувајќи од 07.05.2018 година (понеделник) се воведуваат два приемни дена (вторник и петок) во текот на работната недела за прием на граѓани и дежурни правници ќе им бидат на располагање на граѓаните во периодот од 9 до 16 часот.

Овој новитет се воведува со цел побрзо и поефикасно работење на даночната администрација, особено во делот на решавањето на пријавите и барањата по предмети по основ на данок на имот.

Во насока на подобрување на даночните услуги за граѓаните, Градот Скопје од 01.01.2018 година воведе двосменско работење во барака број 16 со работно време од 07:30 до 19:30 часот за прием и издавање документи поврзани со даноците на имот. Исто така, со цел поедноставување на процедурите во врска со даноците на имот, во Град Скопје веќе подолг временски период дежурен правник и проценител во барака број 16, соба 2 во периодот од 08:30 до 16:30 часот секој работен ден извршуваат проценки на имот и даваат правни совети на граѓаните во врска со нивните поднесоци во даночното одделение.

Градот Скопје и во наредниот период ќе продолжи континуирано да работи на имплементирање на оптимални решенија во насока на целокупно подобрување на даночните услуги за граѓаните.