ПРИЈАВЕТЕ ДИВА ДЕПОНИЈА, СИТЕ ЗАЕДНО ЗА ПОЧИСТО СКОПЈЕ 24.4.2018
Градот Скопје оваа пролет ќе организира акција за чистење на јавните површини и за миење на градските улици. Акцијата ќе ја спроведат јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ со своите работници и расположливата механизација. Градот Скопје ги повикува и граѓаните да се вклучат во оваа акција и да придонесат за почисто Скопје.
- Ги повикуваме и нашите сограѓани да придонесат во акцијата и да ни помогнат да ги лоцираме дивите депонии во градот. Од денеска, сите совесни граѓани можат да пријавуваат диви депонии до Град Скопје со испраќање фотографија и локација на депонијата преку вибер на бројот 070 270 557 или со порака на нашата официјална фејсбук страница - Град Скопје. Сакам да ја искористам оваа пригода и да ги повикам и сите општествено одговорни компании и институции да ни се приклучат и да ни помогнат со својата механизација за почисто Скопје, бидејќи Скопје е заеднички дом и треба заедно да го чуваме - рече на денешната прес-конференција портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.
Градот Скопје и во текот на изминатата есен организираше акција за чистење на јавните површини. Во таа акција беа собрани и отстранети над 3.000 кубни метри смет.
- Со мотив и идеја градот да биде почист, наша цел е ваквите акции да станат редовна пракса, одржувајќи ги улиците постојано чисти во град без диви и нови депонии – нагласи Салиху.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
