Прочистувачи на воздух во СУГС 17.1.2019
Во второто полугодие на учебната 2018/2019
СИТЕ УЧИЛНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА СО ПРОЧИСТУВАЧ ЗА ВОЗДУХ
Во текот на изминатиот месец Градот Скопје во сите 23 средни училишта, во секоја училница, постави прочистувач на воздух, односно вкупно 572 прочистувачи. Овие прочистувачи ќе им овозможат на учениците наставата во второто полугодие од учебната 2018/2019 година да ја следат во простории со прочистен воздух, што е особено важно во денови на зголемено загадување на воздухот во градот.

Тргнувајќи од фактот дека учениците поминуваат околу една третина од денот во училишните простории и дека таа млада популација е движечка сила на општеството, Градот ги набави прочистувачите на воздух. Средношколците заслужуваат да учат во подобри услови и затоа се инвестира во секој сегмент од нивното образование, се создаваат можности за непречено функционирање во училишниот систем и се создаваат услови за унапредување на квалитетот на образовниот процес.

Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште и за секој средношколец, а за оваа инвестиција од Буџетот издвои околу 11 милиони денари.
Градската администрација перманентно работи на создавање услови за здраво живеење, бидејќи граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во модерна престолнина која ќе им гарантира квалитетен живот.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
