РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ КРЕАРТ (CREART) 26.7.2017

Градот Скопје е дел од европскиот проект КРЕАРТ (CreArt) којшто се спроведува преку Мрежата на европски градови за уметничко творештво.

Станува збор за проект којшто е поддржан од Европската Комисија, преку програмата „Креативна Европа“, истиот ќе се реализира во период од 2017 до 2021 година и има вкупен буџет од 3.096.148 евра.

Во рамки на овој проект во Валадолид, Шпанија, се одржа првиот работен состанок, на кој присуствуваа претставници на Градот Скопје, Ловрен Маркиќ, Раководител на Секторот за меѓународна соработка и Нада Пешева, Советник за култура во Секторот за јавни дејности. 

На овој состанокот учествуваа претставници од сите 12 градови-учесници во проектот, и на истиот е дискутирано за административно-финансиските аспекти на проектот, а утврден е и календарот на активностите.

Во проектот КРЕАРТ (CreArt) учествуваат 12 градови од 9 земји, и во него освен  Скопје се вклучени и Ваљадолид од Шпанија, Џенова од Италија, Ливерпул од Велика Британија, Клермон-Феран и Руан од Франција, Загреб од Хрватска, Каунасод Литванија, Лублин и Катовице од Полска и Авеиро од Португалија.

Проектот КРЕАРТ (CreArt) има повеќе цели, каде што како главни може да се издвојат:

 

• Продолжување на постојниот професионален систем за транснационална мобилност, културна размена и заеднички работни искуства меѓу различните учесници во креативниот и културен сектор.
• Развивање на можностите за обука на културните работници преку програми за престој на уметници, работилници, семинари, конференции, средби.
• Воведување работни методологии за одредени групи (деца, млади и возрасни), кои ќе промовираат креативност како вештина за личен развој преку образовни програми.
• Искористување на предностите на технолошките алатки за комуникација, дисеминација, размена на креативност и идеи за културолошки менаџмент преку веб-страната на CreArt и платформата на идеи и проекти.
• Зајакнување на развојот на публиката преку институционализација во различни градови на Европскиот ден на уметничкото творештво и Европските патувачки изложби.
• Преку конференции, семинари и средби, идентификување и истражување на најдобрите практики на развој предводен од културата.
• Помагање на развојот на социјален статус за уметници, врз основа на Предлог Резолуцијата на Европскиот парламент (2006/2249)
• Зајакнување на процесот на создавање и ширење на културолошката понуда во градовите на Мрежата
• Поттикнување на развој и модернизација на секторот за Визуелна уметност и културните индустрии, преку помагање на креативниот сектор на локално и европско ниво.
• Подобрување на едукацијата и обуката на работниците и претприемачите во Културолошките и креативните сектори.

 

Повеќе информации за проектот CreArt може да се најадат на веб порталот на проектот КРЕАРТ (CreArt) www.creart-eu.org.