ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НАЈДОБРИOT ПОЛИЦАЕЦ, ПОЖАРНИКАР И КРВОДАРИТЕЛ НА ГРАД СКОПЈЕ 10.3.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска свечено им ги додели наградите на најдобиот пожарникар, полицаец и крводарител на територија на град Скопје за 2016 година. За најдобар пожарникар е прогласен Ѕвонко Стојановски, спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар полициски службеник за 2016 година е Марјан Димитриевски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба”- Скопје, а за најдобар крводарител е прогласен Љупчо Велковски.
- Град Скопје традиционално ја доделува наградата за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител на територија на град Скопје за тековната 2016 година. Наградата е парична и изнесува 10. 000 денари, a ги наградуваме најпожртвуваните, најхрабрите и најхуманите со цел да ги поттикнеме граѓаните на Скопје и тие да станат пожртвувани, храбри и хумани. Сакам да им честитам на наградените за постигнатиот успех и да им порачам и во иднина да бидат добар пример за своите колеги и сограѓани,истакна градоначалникот Трајановски.
Најдобар пожарникар за 2016 година е Ѕвонко Стојановски- спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, има 27 години стаж, а во текот на изминатата година се истакнал со особено ефикасно и успешно работење. Имено, во рамките на неговата работа учествувал во гаснењето на над 50 пожари и технички интервенции и придонел за намалување на материјалните штети и за спасување на човечки животи.
Најдобриот полицаец за 2016 година е Марјан Димитриевски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба”- Скопје, има 24 години стаж, а во изминатата година остварил надпросечни резултати и пожртвувано ги извршувал службените задачи.
Најдобриот крводарител, Љупчо Велковски, досега во изминатите години има 120 дарувања крв и редовно 4 пати годишно дарува крв со што треба да претставува пример и поттик за сите млади дарители чија мисија е да спасат човечки живот.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
