ДОНЕСЕНИ ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ПРОГРАМИ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА 2016 ГОДИНА 16.2.2016

Советот на Град Скопје вчера /28.01.2016 година/ ја одржа својата 60 седница, на која се расправаше и беа донесени голем број на одлуки.

Советот на Град Скопје расправаше и ги донесе поголем број на одлуки околу работата на јавните претпријатија на Град Скопје, каде како најважни се инвестиционите програми на јавните прептријатија на Град Скопје. Покрај нив, Советот на Град Скопје донесе одлуки за субвенционирање на јавните претпријатија “Паркови и зеленило“ и “Комунална хигиена“, одлука за пренесување на правото на сопственост на две возила на ЈСП “Скопје“-Скопје, Одлука за давање согласност на Стутарната одлука за измена на Статутот на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје, како и Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈСП “Скопје“-Скопје.

Советот на Град Скопје донесе и поголем број на одлуки за воспоставување на соработка со повеќе општини од Скопје, каде беа донесени следните одлуки: Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар заради остварување на заедничка цел за пренесување на меѓусебните надлежности за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов (од раскрсница со бул. Св. Климент Охридски до кружен тек кај Католичка Црква); Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за финансиско учество за реализација на дел од улица 6 н.м. Бардовци во должина од 150 м, делница од црква Св. Тројца према новоизградените индивидуални станбени објекти; Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје, Општина Центар и Општина Кисела Вода за изработка на основен проект за инфраструктура и основен градежен проект на ул. Павел Шатев; Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир за изградба на атмосферска канализација по улица Џон Кенеди и улица Ќемал Ататурк во Општина Чаир; како и Одлуката за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за употреба и одржување на улица 5-Општина Сарај.

На шеесеттата седница беа донесени и поголем број на планови и програми за работа, каде Советот ги усвои Планот за управување со отпад на Град Скопје (2016-2020), Програмата за управување со отпад на подрачјето на град Скопје за 2016 година, како и Програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2016 година.

Советот на Град Скопје ги донесе и Одлуката за одобрување набавка на симулатор за пламени удари; Одлуката за одобрување набавка на основни средства во 2016 година-канцелариски мебел, клима уреди, преведувачки пулт со кондезаторски микрофон и дигитален снимач; Одлуката за донесување на Урбанистички план за четврт СЗ 13, Скопје; како и Одлуката за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца – детска градинка Детска радост-Општина Гази Баба – Скопје.