ПРОЛЕТЕН БАЗАР НА ДОМАШНИ РАКОТВОРБИ 22.5.2017
На плоштадот „Филип Втори“ на 19 и 20 мај 2017 година ќе се одржи традиционалниот „Пролетен базар на домашни ракотворби“. Покровител на манифестацијатa е Град Скопје, а организатор е Занаетчиската комора Скопје.
На овој дводневен настан ќе бидат презентирани различни занаети, нивното значење за квалитетот на живеење на граѓаните и што би претставувало човештвото без занаетчиството. Како дел од оваа манифестација ќе се промовираат изработките на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, магично плетиво, изработки од камен, дрво и керамика, цртано стакло, како и изработка на слики од срма, a ќе има и креативна работилница. Посетителите ќе можат да погледнат и да купат интересни ракотворби, како накит, парчиња облека, уметнички слики, филигран и друго. Ќе биде објавен и најавтентичен сувенир на град Скопје, избран од страна на комисија.
Целта на овој настан е да се истакне важноста на занаетчиството и стопанството, средното стручно образование, практичната обука и стекнувањето вештини и компетенции, а се со цел поттикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување. Воедно, целта на манифестацијата е да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производство, како и да се поттикне размената на искуства и знаење меѓу занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските производи и услуги и да се зголеми туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
