ШИЛЕГОВ: СО ПРОЛЕТНАТА АКЦИЈА ЗА ЗАЗЕЛЕНУВАЊЕ ЗАСАДИВМЕ ВКУПНО 2.000 ДРВЦА ВО СКОПЈЕ 09.5.2018
Екипи на Град Скопје денеска засадија 42 висококвалитетни листопадни садници од видот јавор во дрворедот на булеварот 8.Септември, како и 20 садници од видот бреза во средишната жардиниера на булеварот. Со тоа заврши пролетната акција за зазеленување на Скопје. На денешната прес-конференција присуствуваа градоначалникот Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча.
- Денеска завршува пролетната акција за зазеленување на Скопје. Оваа пролет го збогативме градот со нови 2.000 висококвалитетни листопадни садници. Садевме во сите градски општини со цел во рамките на проектот „Дрво за секое дете“ граѓаните да можат да си одберат локација за нивното дрво. Наесен, планираме засадување на 8.000 нови висококвалитетни садници, со што оваа година ќе ја заокружиме бројката од 10.000 нови дрвја во Скопје – рече денеска градоначалникот Шилегов, на акцијата за садење на булеварот 8.Септември.
Тој додаде дека зазеленувањето останува на врвот на листата приоритети на Град Скопје, а оваа пролет беше искористена да се обнови загубеното зеленило.
- Се обврзавме пред граѓаните да го вратиме загубеното зеленило кое претходната власт го уништуваше на територијата на општина Карпош, додека ние се бориме за секој сантиметар слободен простор за ново зеленило. Во таа насока, борејќи се за секој сантиметар слободен простор, излегуваме од рамката на садење дрвја на јавните површини и садиме 40 листопадни садници во дворот на Центарот за рехабилитација во Капиштец, за да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе зелени површини – нагласи Шилегов.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
