ПРОМОВИРАНО ЕДНО ОД НАЈМАРКАТНИТЕ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА УРБАНИЗМОТ НА ЈАН ГЕЛ 19.9.2018
Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, заедно со претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Миле Димитровски и амбасадорот на Данска, В.Е Андерс Хоугард, денеска присуствуваа на промоција на книгата Градови за луѓе од професорот Јан Гел, една од најмаркантните светски дела од областа на урбанизмот.
- Имајќи го предвид придонесот на професор Јан Гел како доајен на проектирањето на јавни простори кој се бави со градовите и кој со своето нескромно знаење и искуство ќе даде позитивен придонес за хумано живеење во градот Скопје, градоначалникот Шилегов и професор Гел потпишаа Писмо на намери за соработка од областа на урбанизмот и просторното планирање. Оваа соработка ја воспоставуваме со цел унапредување на урбаното живеење во Скопје по примерот на светските метрополи од аспект на хуманото живеење, активната вклученост во креирањето и реализацијата на проектите од значење за граѓаните - истакна Јанчева.
Во таа насока ќе бидат реализирани активности по примерот на други градови, за формирање стручни тимови кои по принципите на „градови за луѓе" ќе работат на студија за Градот Скопје од аспект на хуманото живеење. На тој начин ќе се овозможи поквалитетно оформување и користење на јавните простори во Скопје.
- На денешната работилница „Скопје- град за луѓе“ предвидено е да бидат разгледани актуелните прашања поврзани со урбанизмот и просторното планирање, како и да се презентираат можните решенија поврзани со состојбите со велосипедистите, пешаците, малите паркови и зелените површини во градот, квалитетот на воздухот и квалитетот на животот на нашите сограѓани - нагласи Јанчева.
Таа, додаде и дека Скопје во својата историја има искуство со експерти од областа на архитектурата и по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, градот повторно е изграден според проектите на светски познатите Кензо Танге и Адолф Циборовски.
Јанчева се заблагодари на професор Гел за неговото вклучување во процесот на унапредување на урбаното живеење во Скопје и за огромната поддршка што ја дава со несебичното пренесување на своето знаење и искуство, да го направиме Скопје поубав и пофункционален град, град кој нуди квалитетни услови за живот и хумано живеење на сите наши сограѓани.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
