ШИЛЕГОВ СЕ СРЕТНА СО НОВИНАРИ ОД РЕГИОНОТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ 04.7.2018
Градоначалникот Шилегов денеска се сретна со новинари од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и од Црна Гора чијашто специјалност е туризмот, а кои се на информативно патување во нашава земја. Патувањето за новинарите од регионот го организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија.
Новинарите денеска ќе имаат можност да посетат повеќе културно-историски знаменитости во Скопје - Старата чаршија, Старата железничка станица, спомен-куќата на Мајка Тереза, црквите „Свети Спас“ и „Свети Димитрија“, плоштадот „Македонија“ и Скопската тврдина, и да снимаат репортажи. Тие го посетија и Градскиот трговски центар.
- Скопје е симбиоза на сите култури што постојат на Балканот. Овде можете многу лесно да видите се што е огледало на Балканот, сите култури, сите религии, сите традиции, како и „модерната“ што е еден од најдобрите правци во архитектурата - им порача Шилегов на претставниците на медиумите.
Тој им порача да ја посетат и Старата скопска чаршија, што е најголема на Балканот, многу автентична и добро зачувана, многу жива и посетена, со многу ресторани и дуќани, на нејзините влезови имате средновековни цркви, а внатре остатоци од османлиската култура.
- Ако доаѓате на еден ден секако треба да го посетите и манастирот „Св.Пантелејмон“ на скопската планина Водно, но и овој објект, каде што се наоѓаме денеска, се трудиме да му го вратиме стариот дух на Скопје, објект од 70-тите години што успеавме да го спасиме од фасадизација, а вчера ја отворивме изложбата со 26 графити – истакна Шилегов.
Информативната тура за новинарите од регионот продолжува и во наредните три дена со посета и снимање на манастирот „Свети Пантелејмон“, кањонот Матка, Маврово, Дебар, руралните предели на Македонија, посета на манастирите „Јован Бигорски“ и „Свети Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица, Охрид, Битола и винскиот регион на Македонија.
Во турата се вклучени и новинари чија специјалност е гастрономијата, па поради тoa предвидено е снимање на подготовка на македонски специјалитети во секој регион што ќе биде посетен.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
